Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на лекарите со порака до министерот:Доста е, повеќе ова не го прифаќаме

0
By Менче Атанасова Точи on November 12, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Со транспаренти„Сите сме Љубомир Огненовиќ“,Пациенти ние сме со вас –не сме против вас“ „Директори не вршете мобинг ќе одговарате “, но и Бенифициран стаж“ „Дополнителна работа без условувања“лекарите од скопските клиники се собраа на протест за да го искажат својот револт против нападот врз нивниот колега од Дигестивна хирургија.

Целата акумулирана состојба од водењето на лошата политика во здравството букна денеска, кога лекарите го повикаа министерот Тодоров и директорите да седнат да проговараат, со цел да се подобри нивниот статус, за кој рекоа дека е резултат на долгорочните политики во здравството кои доведоа до омаловажување и деградирање на лекарите. Протестот го организираше Синдикатот на скопските клиники.

„Ја цениме моралната одговорност од страна на министерот, ја цениме повелбата за донесување закон за докторска дејност. Ова е поддршка кон колегата, но и е еднодневен протест кој се надеваме дека надлежните институции ќе го разберат и понатаму ќе имаме рамноправна комуникација.

Револтирани сме од нападот кон колегата Љубомир Огненовиќ и бараме под итно да с е променат с остојбите со статусот на здравствените работници„ рече Горан Беговиќ претседател на Синдикатот на клиниките.

По него се обратија и други вработени од скопските клиники.

„ Невидената хајка против најистакнатите лекари, па се до најмладите, како „недоволно едуцирани, корумпирани, неодговорни и непријателски настроени кон пациентите“ се директно вперување прст кон нив, како главни виновници за несаканиот исход во лекувањето на пациентот, изјави Емилија Стојановска вработена на Клиниката за Дигестивна Хирургија.

„Кога ние предупредувавме , вие одбравте , кога ние велевме дека сме против проектот плаќање по учинок, вие одбравте, кога велевме „Мој термин НЕ“ вие одбравте, кога велевме заедно да ја изготвуваме новата законска регулатива, вие одбравте, кога велевме не ги уценувајте специјализантите , вие одбравте. Кога ние велевме директори не вршете мобинг, вие одбравте“, рече Предраг Серафимовски од Клиника за максилофацијална хирургија.

Лекарите не објаснија зошто до сега не се појавија да се оградат од случајот во кој поради вина на двајца пијани анестезиолози починаа родилка и нејзиното бебе во Гевгелија. Ваквата ситуација создаде тензија во јавноста, а на социјалните мрежи паднаа многу обвинувања од граѓани.

„Да не бидеме разбрани погрешно, ние не сме против пациентите, секогаш сме со пациентите, целиот живот од едукација до непроспиени ноќи сме им ги посветиле на пациентите. Но целата акумулирана состојба што се случува сега не е наша грешка. Бараме системот кога се изготвува да учествуваме и ние“, рече Беговиќ.

На протестот дојдоа и пациенти кои ги подржаа лекарите да истраат барањата , но нагласија дека треба да се праша и пациентот кој е директно инволвиран во целата ситуација.

„Десет дена доаѓаме од Струмица и уште не сме завршиле работа, лекарот еве денеска пак го нема. Можеби ќе завршиме со прегледот кога ќе биде доцна“, рече пациент од Струмица.

На получасовен протест денеска излегоа и здравствените работници од болниците во Куманово,Прилеп, Охрид, Струга и Тетово..

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.