Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на Независниот синдикат на полицијатa: Наназад со години, полициската плата е многу под минималната

0
By Marija Todorovska on May 12, 2025 ВЕСТИ
Фото; МИА
Фото; МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест во Скопје на кој беше побарано да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку колку минималната плата. Се бара и воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови.

 Денеска сме тука пред судовите да им укажеме дека многу им е и таа два отсто доверба што ја имаат граѓаните. Да им укажеме дека платата на полициските службеници е составена од основна плата плус зголемување. Законот за минимална плата предвидува дека основната плата на работниците не може да биде под минималната плата. Не може да важат законите во државата за полицијата единствено кога таа треба да се казнува, изјави Мартин Ефемов, претседател на НСП.

Како што нагласи, овој протест е со единствена цел и барање на воедначување на судската пракса на целата територија на државата.

Во моментов имаме илјадници предмети што полициските службеници ги водат против Министерството за внатрешни работи и во кои бараат да се досуди разлика до минималната плата. Полициската плата е составена од основна плата плус зголемување, минат труд, додатоци и така натаму, а по Законот за минимална плата, основната плата не може да биде под минималната плата. Ова што го говориме е така и истото е кажано и од Апелациониот суд во Гостивар и од Апелациониот суд во Битола. Судии од Граѓанскиот суд во Скопје и од Апелациониот суд во Скопје на 21.03 носат решение со што се обидуваат да направат сосема друга и поинаква судска пракса. Ова доаѓа по нивното советување, конференција, состанок – како и да го кажеме, во Министерството за внатрешни работи, каде што претпоставуваме дека поради умилкување, судиите што ги именувавме, сакаат да постигнат целосна промена на судската пракса и законот во полицијата да не важи. Односно, Законот за минимална плата да не биде применет како што треба во државата. Ние бараме да ги видат овие судски предмети, затоа што Скопје не е надвор од државата, ниту Битола ниту Гостивар не се, да ја воедначат судската пракса за цела територија на државата и ако нешто не им е јасно, да се упатат на катедрите за трудово право за да им појаснат што е основна плата, што е минимална плата и што е плата, рече Ефремов.

Тој беше прашан дали тоа значи сега дека во различни делови од земјата, полициски службеници примаат различна плата и колку сега во овој момент во Скопје се пресметува основната плата.

Не, тоа значи дека во различни градови во државата, судовите кажуваат дека на едни полициски службеници треба да се исплати повеќе плата, а во Скопје велат дека ни е доволна оваа плата што ја земаме, така ќе му дојде, затоа што веќе со овие пресуди, колегите имаат наплатено и е докажано дека нивната плата е под минималната, а за жал, скопските судови велат – тоа не следува, одговори претседателот на НСП.

Ефремов додаде дека платите во полицијата е многу едноставно да се пресметаат.

Со самото тоа што треба да го помножите бодот – односно висината на бодот, со бројот на бодови што ги имаме. Полициски службеник има од 550 бодови па нагоре, значи стартува од 550 бода, а бодот во моментов во Министерството за внатрешни работи е 35.47 денари. Што значи дека и во моментов и во континуитет, наназад со години, полициската плата е многу под минималната плата, истакна Ефремов.

Кристина Ампева од Сојузот на синдикати – петта сила, изрази поддршка и рече дека работниците очекуваат правна држава.

Како некој кој доаѓа и од невладиниот сектор, морам да истакнам дека изминатите години, децении – судскиот совет, судиите, целиот судски систем доби доволно финансиска поддршка, доби доволно техничка поддршка, меѓутоа, повторно, довербата на граѓаните е токму два отсто. Жал ми е што тие два отсто доверба што ги имаат, се благодарение на неколку чесни судии коишто ги имаме на територија на Македонија, меѓутоа, тоа не е доволно, повторно ќе речам – странскиот фактор навистина инвестираше во нив, подвлече Ампева.

Владимир Литовски, помошник генерален секретар на НСП, вработен во судска полиција, им порача на сите судии да ги чуваат својот интегритет и интегритетот на судството, така што ќе судат по закон.

Исто така ќе упатам порака до сите претседатели на судовите во цела Македонија да сфатат дека судските полицајци се луѓето кои ги чуваат нивните животи и животите на сите вработени во судовите и дека баш поради тоа, треба да се залагаат за што подобро опремување, екипирање и обезбедување услови за непречена работа, а не како што во неколку судови, претседателите задолжуваат стручни соработници и други вработени да изготвуваат распореди на судската полиција и ги оставаат судовите без судски полицаец со цел да штеделе, рече Литовски.

Литовски порача дека на безбедност, не се штеди.

 Исто така, сакам да порачам до министерот за правда, за финансии и министерот за социјална политика и демографија, законот за судска служба што е веќе изготвен, да го остават така како што е и во најбрз рок да го испратат до Собранито на гласање, за да можат судските полицајци за првпат да добијат бенифициран стаж и да не дозволиме колеги од 62,63,64 години во судовите да се грижат за безбедност, а на таа возраст – се знае колку може некој да ја работи оваа наша професија, рече Литовски.

Тој се обрати и до Владата. – Зголемете ги платите на сите полицајци – судска, шумска, затворска и МВР, затоа што на безбедност не се штеди, а само добро платен полицаец е мотивиран подобро да работи, истакна Литовски.

Даниел Лазарев, помошник генерален секретар во НСП, се осврна на нивните барања.

Денес бараме: прво – почитување на Законот за минимална плата. Основната плата во полицијата да не биде под минимумот. Второ – еднаква судска пракса во цела држава. Трето – судски постапки во законски предвидени рокови. Ние не сме службеници од втор ред. Законот не може да важи само кога треба да нè казнат, истакна Лазарев.

Тој подвлече дека ова не е само протест, туку ова е и борба за достоинството на полицијата.

Достоинство што со години ни го газат, достоинство што мораме да си го вратиме. Оваа борба не е за функции. Не е за позиции. Оваа борба е за секој еден од нас – во МВР, во шумската, судската и затворската полиција, нагласи Лазарев.

Протестот доби поддршка со присуство и обраќање на членови на Независниот синдикат на полицијата на Црна Гора и на Синдикатот на српската полиција.

минимална плата полиција протест Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.