Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест пред амбасадата на БиХ: „На импотентната власт само народот и се дига“

0
By Влатко Чаловски on February 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Со пароли „На импотентната власт само народот и се дига“ и „Солидарни против национализмот, корупцијата и непотизмот“, движењето за социјална правда „Ленка“, Левичарското движење „Солидарност“ и други левичарски иницијативи изразија поддршка на случувањата во Босна како и пошироко на Балканот, во сите нивни акции и барања како и во начинот на кој што го изразуваат незадоволството.

На активистите не им беше дозволено да протестираат директно пред амбасадата на Босна и Херцеговина во Македонија, и иако не беа во огромен број, сепак беа под силно полициско обезбедување. На улицата каде што се наоѓа амбасадата полициските претставници имаа поставено околу стотина метри непроодна зона за нив, а забележително беше и присуство на единиците за брзо распоредување близу улицата и активистите кои ја искажуваа својата солидарност.

Тие воедно, посочувајќи ја Босна и Херцеговина како пример, го повикаа секој граѓанин на Македонија кој се чувствува обесправен, искористен, ислажан, експлоатиран или ограбен, да го изрази својот револт, а притоа упатија повик да се избегнуваат медиумите кои фрлаат црна дамка на барањата на босанскиот народ, нагласувајќи дека таму сега се сплотени луѓе од најразлични вери, убедувања и ориентации.

Нивните барања од полицијата, да им се одговори зошто не им дозволуваат директно пред амбасадата да ја искажат поддршката и револтот, неа беа одговорени.

Во меѓувреме, во Босна и Херцеговина протестите траат речиси една недела, а минатата вечер предлозите за надминување на тешката економска ситуација на Пленумот на граѓани и граѓанки на Сараево, беше прекинат со образложение дека не може да се одржи задоволувачкото ниво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.