За денеска во 13 часот пред Собранието е закажан мирен протест во организација на група граѓани кои, како што велат, се загрижени за состојбата на воздухот и на тој начин сакаат да го искажат својот револт. Протестниот марш ќе заврши пред Владата.
Кристијан Узунов, еден од организаторите, вчера побара протестот за не се политизира.
– Добредојдени се сите загрижени граѓани, еко активисти, експерти, доктори кои ќе можат преку конкретни идеи и предлози да помогнат да изнајдеме најдобро и најбрзо решение, рече Узунов.
Тој апелираше до власта и до опозицијата да не го злоупотребат денешниот протест за свои цели.
Меѓу барањата на граѓаните се свикување итна владина седница, вклучување експерти и граѓански сектор во контролите кон големите загадувачи. Очекуваат од граѓаните да ги поддржат и заедно да ги надополнат барањата за изнаоѓање најдобро решение.