Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест против аерозагадувањето: Наместо велосипеди, купивме инхалатори

0
By Нова ТВ on January 26, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иницијативата „Канцерогено општество“ денеска пред Собранието организираше протест против аерозагадувањето, кој заврши пред Владата.

„Ставете налепници на тешката индустрија“, „Стоп за труењето на децата – нашата иднина“, „Нè угушивте, нè умревте и нe лажете“, „Наместо точаци купивме инхалатори“,  беа дел од транспарентите истакнати на протестот.

-Ни здодеа да бидеме на улици и да ја бараме правдата, но размислете за едно, има деца, мајки трудници, кои дишат. Тие не се уморени, туку се чудат зошто не можат да видат сонце, зошто гледаат само темнила. Додека се трошат пари на маски и лекови и се полнат болниците со пациенти со респираторни проблеми, редно време е политичарите да станат од своите фотелји и сериозно да се нафатат на креирање суштински мерки, вели Кристијан Узунов, „Канцерогено општество“.

Не може со 1.5 милион евра буџетски средства да го исчистите најзагдениот град во светот, а вашите патни трошоци да бидат два милиони евра годишно, порачаа од иницијативата.

Апелираа до сите еко-активисти и експерти и понатаму да бидат гласни во борбата со ПМ10 честичките бидејќи не смее повеќе да се губи време.

Барањата се граѓаните се веднаш да се свика итна владина седница поради алармантната состојба на квалитетот на воздухот во државата, која ќе вклучува експерти, доктори, еколози, еко-активисти и сите кои реално би помогнале за подобрување на состојбата, а Владата да ги употреби сите потребни средства за справување со проблемот.

-И мало дете знае кои се загадувачите, од Железара гледавме црни обаци, а луѓето седеа дома и велеа ништо не е, еве сме сега после 4 години најзагаден град во светот, има уште многу такви, знаеме што се случува во Тетово, Велес, знам тоа не се единствени загадувачи но мора од некаде да се почне. Дајте им пари на луѓето и нема да мора гуми да палат за да се греат, рече Кристијан Узунов.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.