Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест во Клинички: Градот да ја повлече одлуката и да го врати паркингот

0
By Менче Атанасова Точи on December 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се врати паркингот во владение на Клиничкиот центар, а советниците на Град Скопје да ја повлечат одлуката со која цената на паркингот на вработените се зголеми од 300 на 800 денари. Своите барања тие ќе ги достават до сите надлежни институции. Ова денеска го побараа вработените на скопските клиники кои масовно излегоа на протест за време на паузата.

Претседателот на Синдикатот Горан Беговиќ најави дека доколку Градот не ја повлече оваа одлука од утре ќе ги блокираат наплатните пунктови на ЈП „Градски паркинг“.

„Овој простор е на Република Македонија, не знам зошто со него стопанисува Градски паркинг. Дојде време да си го добиеме тоа што е наше. Значи не станува збор само за зголемување на цената за паркирање. Сепак, тука има и вработени кои имаат многу помали плати и кои едвај и оваа цена ја плаќаат така што цела плата ќе им треба за платат паркинг за цела година,“, вели Беговиќ.

Вработените кои денеска се сплотија и во огромен број излегоа на протест, велат дека со зголемување на цената на паркингот за вработените нема да се реши хаосот со паркирањето во Клиничкиот центар. Револтирани се од вчерашната изјава на Шилегов дека луѓето болни умирале на паркинг од возилата на вработените.

„Дали знае градоначалникот Шилегов колку ние значиме за градот и државата, дека е ова срцето на Скопје. При сите несреќи, сите вонредни состојби ние сме 24 часа мобилни и ние сме тие што го чуваме мирот и стабилноста. Бараме извинување од градоначалникот Шилегов“, изјави Ѓорѓи Петревски, медицински техничар од Клиниката за неврохирургија.

Јулијана Јовановска, медицинска сестра од Клиниката за детски болести рече дека реагираат и ќе реагираат на сите небулози од претходната и од оваа власт.

„Навредени сме од изјавата на градоначалникот Шилегов. Ние функционираме на повик и замислете да се возиме со автобус за да стигнеме итно на работа. За хаосот во Клинички не сме виновни ние, тоа треба да го средат надлежните“, изјави Јовановска.

Иницијална каписла е изјавата на Шилегов. Клинички е непристапен, ние оаѓаме на работно место, а нема каде да се паркираме, рече Ивица Апостолов медицински лаборант Клиничка биохемија.

„ Дневно во Клинички влегуваат по 3000 возила. Едно амбулантно возило од Штип доаѓа за 45 минути, а за влез до соодветната Клиника чека 25 минути. Ако досега од нас за тие 1500 места се собирале 110 000 евра годишно, сега таа сума ќе биде 275 000 евра. Катна гаража е решението, но не можат вработените и пациентите да ја градат катната гаража“, изјави Апостолов.

Хаосот на Клинички центар е секојдневие. Возилата тешко влегуваат и излегуваат, а особено е проблематичен влезот на возилата за Брза помош.

Од Министерството за здравство пред еден месец најавија дека со Град Скопје ќе отворат уште два излези од Клинички, две улици од еднонасочни да станат двонасочни, да се обезбеди посебна лента за влез на возилата на Брза помош и изградба на две катни гаражи.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.