Иако од болницата им порачаа дека докторот е суспендиран и за него е покрената кривична пријава, собраните граѓани бараа повисока казна со паролата дека убивањето куче е исто како и убивањето дете и дека треба да се казни суровоста со која кучката Маја е прегазена.
Цоневски е обвинет за предизвикување смрт на куче и е ослободен со кауција од 2.500 евра, изјави директорот на Државниот оддел за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов, негирајќи ги гласините дека 29-годишниот Цоневски ја напуштил Бугарија.
Протестот, насловен како „Правда за Маја“, беше поттикнат од несреќа во населбата Расадник, каде што возачот, доктор Ненад Цоневски, излегувајќи од гаража и прегазил куче кое подоцна морало да биде евтаназирано поради тешки повреди.
Военомедицинската академија претходно оваа недела објави дека привремено му забранила на доктор Ненад Цоневски, вработен во институцијата и вклучен во случајот, да ги извршува своите должности додека не се разјаснат околностите, со порака дека нема да толерираат никаква „форма на агресија“. Демонстрантите побараа Цоневски да биде трајно разрешен.
Несреќата е снимена на безбедносна камера на 9. ноември и на неа се гледа кучето како лежи на тротоарот додека Цоневски излегувал од гаражата, го прегазил , излегол од колата да види што е, го видел животното под гумите, но сепак продолжил и го оставил на улица, истакнуваат медиумите.

