Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

0
By Marija Todorovska on February 9, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор. Ова беше кажано на денешната прес конференција на Синдикатот на УПОЗ.

– Бараме да ни се вратат дополнителните 30 отсто на плата што ни ги укина Уставниот суд. Му даваме рок на министерот да го потпише до распишувањето на изборите, доколку не го потпише ќе продолжиме после изборите со протести и штрајкови и нема да функционира Министерството за финансии. Нема да се работат експропријациите за Бехтел и Енка и нема да се исплаќаат плати за цела јавна и државна администрација, рече Даниел Михајловски, претседател на Синдикална организација на Министерството за финансии при УПОЗ.

Тој додаде дека бараат рамноправност во вреднувањето на трудот, истакна оти со потпишувањето на колективниот договор трајно ќе се реши проблемот со платите.

Бојан Трипуноски, генерален секретар на синдикатот на УПОЗ, потсети дека бараат решавање на проблемите со кои се соочуваат вработените во Министерството за финансии, Управата за имотно правни работи и Бирото за јавни набавки.

– Решивме денес пред вас и пред очите на јавноста до министерот да доставиме колективен договор и да го повикаме да го потпише најдоцна до понеделник 12.02.2024 година, рече Трипуноски.

Потпишувањето,  нагласи,  е единственото правично и праведно решение, со кое повторно сите вработени ќе може да добијат надополнување на нивните плати. Тоа, подвлече, претставува едноставно решение, бидејќи средствата за исплата на надополнување се обезбедени и се наоѓаат на сметката на Министерството за финансии.

– Апелираме до министерот, да не направи раздор и уште поголемо незадоволство помеѓу вработените, бидејќи нашите информации говорат дека намерата на одредени раководни лица во министерството е да направат огромна дискриминација на начин што само мал дел од вработените ќе добијат 30 отсто надополнување на плата, одреден дел 15 отсто надополнување на плата, а голем дел од вработените воопшто нема да добијат ништо, иако за тоа се обезбедени средства во буџетот на институцијата. Апелираме до министерот уште еднаш да ги заштити вработените, како што тоа го направи со носење на членот 66 од Законот за буџетите, кој го укина Уставниот суд и да го спречи заминувањето на квалитетни кадри од министерството за финансии, што се случува скоро секој ден, рече Трипуноски.

Бидејќи Уставниот суд ја укина одредбата од членот 66 став 3 од Законот за буџетите, додаде тој, во овој момент, нагласи,  не постои никаква пречка за склучување на овој колективен договор.

 

колективен договор Трипуноски Уставен суд штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.