Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести околу изградба на црквата Св. „Константин и Елена“

0
By Нова ТВ on June 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во организација на граѓанската иницијатива Веритас денеска се оддржа протестен собир во делот од центарот на Скопје каде се гради црквата Свети „Константин и Елена“.

Од оваа асоцијацијата велат дека се против намерите на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски за измени на деталниот урбанистички план за централното градско подрачје, со кои според нив се предвидувало и бришење на маркичката каде се гради црквата.

„Господине Жерновски немојте да дозволите да ве проколнуваат, побарајте опрост за вас. На Господ му се мили сите покајници, и сигурна сум и дека вас ќе ви прости“, рече Соња Зашовска, Веритас.

Од Веритас повикаа утре протестот од пред црквата да се пресели пред Советот на општина Центар каде што за утре е најавена седницата. Црквата претходно беше најавена да се гради сред плоштад, меѓутоа по многуте негодувања и барањето да се изгради и џамија на плоштадот владата се откажа.

Од општина Центар излегоа со реакција за според нив „спонтаните протести“.

Во соопштенито се вели дека „синхронизираноста и таканареченото спонтано собирање на луѓе кои протестираат против носење на одлуки на Советот на општина Центар, јасно покажува дека зад ова стои владеачката партија.

– Истата таа владеачка структура, добро знае дека пред месец дена загубија три пати во Центар, што значи жителите се против нивните политики кои до сега ги спроведуваа во општината.

Според кабинетот на градоначалникот Жерновски „прозирно и неодговорно е што се манипулира со најинтимните и најранливите чувства, верските и односот кон децата.

Оттаму велат дека е недозволиво партијата на власт да ги инструментализира овие чувства.

Инаку, според нив, сите акти на Градоначалникот и на Советот се во правец на враќање на законитоста. Претходното раководство на општина Центар носеа одлуки кои беа противуставни и спротивни на интересите на граѓаните.

„Ревизијата се прави, и ќе се прави за да се врати правниот поредок”, порачуваат од Општина Центар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.