Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести против поскапувањето на струјата во цела земја

0
By Нова ТВ on August 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протести и блокади на улиците Имаше во повеќе градови низ државата. Во Скопје, Куманово, Дебар, Битола, Кичево граѓаните излегоа на улиците револтирани од поскапувањето на струјата за 7,4 проценти. Во Скопје беа блокирани две крстосници во центарот на градот, додека во Тетово и Гостивар ги блокираа автопатиштата. Се бара национализација на ЕВН, укинување на Регулаторната комисија и на нејзино место формирање на друго комисиско тело.

Во Битола граѓаните носеа транспаренти со симболични пароли „Нè отепа струјата“, алудирајќи на поскапувањето на струјата. Протестираа низ Широк Сокак почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, со маски на лицата и меѓусебна дистанца.

На протестот во Кичево беа вклучени голем дел од месните заедници на општина и многу други граѓани без политички обележја, иако поголемиот дел на локалните политички структури отворено дадоа поддршка на иницијативниот одбор за протести против поскапувањето на струјата.

Организаторите на протестот, кој се одвиваше под мотото „И Кичево протестира против ЕВН”,  посочија дека се организира како реакција на поскапувањето на струјата.

Група гостиварци вечерва протестираа движејќи се во колона по магистралниот пат Гостивар – Кичево. Двесетината возила тргнаа од наплатната станица на автопатот „Мајка Тереза“ и возеа до крстосницата со семафор за Кичево и село Здуње. За време на протестот, сообраќајот по оваа делница, долга два километра,  се одвиваше забавено и полицијата го регулираше минувањето на останатите возила.

Пред тргнувањето протестирачите искажаа незадоволство од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,4 проценти.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.