Граничниот премин Ѓушево помеѓу Македонија и Бугарија денеска претпладне ќе биде блокиран.
Незадоволни од изборните резултати на предвремените парламентарни избори, граѓаните на Ќустендил ќе го блокираат патот за Македонија.
На предвремените парламентарни избори одржани на 5 октомври, партијата на Турците-Движење за права и слобода (ДПС) освои мандат во Ќустендилската област за 43-то Народно собрание на Бугарија.
Граѓаните од Ќустендилската област остро реагираат на, како што велат, „замената на гласови“ и неправичната методологија на обработка на гласовите.