Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во Минесота по полициското убиство на 20-годишниот афро-американец Дуанте Рајт

0
By НОВА ТВ on April 14, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дуанте Рајт, 20-годишен афро-американец, беше убиен на 11ти април од страна на полицијата во Бруклин Центар, Минесота (САД). Рајт бил сопрен од страна на полицијата бидејќи наводно направил сообрајќаен прекршок со тоа што имал освежувач на воздух кој наводно го прикривал неговиот ретровизор; Рајт бил во колата со неговата девојка која го видела неговото убиство. Во видеото од камерата која ја носела белата полицајка Кимберли Потер на нејзината униформа кога го убила Рајт се гледа дека Рајт е комплетно ненасилен и само ги следи нејзините инструкции. Но Потер насилсно пробува да го извади Рајт од неговиот автомобил и без многу мислење го застрелува со нејзиниот пиштол. Рајт умрел на лице место и неготово тело лежело на улицата дури 5 часа пред да дојдат соодветните служби да го соберат.

Кимберли Потер тврди дека таа сакала да го искористи својот елекро-шок пиштол врз Рајт, но наводно по грешка го извадила својот вистински пиштол. Многу го критикуваат потегот на Потер за воопшто да се извади елекро-шок пиштол бидејќи немало никакво насилство инволвирано во ситуацијата. Рајт дури и зборувал на телефон со мајка му за време на инцидентот. Телефонскиот разговор се прекинал и после тоа девојката на Рајт ѝ се јавила на мајка му за да ѝ каже дека Рајт бил застрелан.

Овој иницидент на системска полициска бруталност врз афро-американци и други малцинства се случи во истата држава во САД каде што беше убиен афро-американецот Џорџ Флојд од страна на белиот полицаец Дерек Шовин – инцидентот кој го започна бранот на #BlackLivesMatter протестите во САД и низ светот во летото од 2020тата година. Трагичното убиство на Дуанте Рајт исто така се случило само 17 километри од судот каде што се одржува неколку неделното судење на полицаецот Шовин.

„Oва не можеше да се случи во полошо време,“ кажа Мајк Елиот, градоначалникот на Бруклин Центар, за убиството на Рајт. „Признаваме дека ова се случува во време кога цела Америка, навистина целиот свет, ја следи нашата заедница. Сите сме колективно емоционално уништени веќе една година со убиството на Џорџ Флојд и дека ние ќе продолжуваме да бидеме вознемирени додека поминуваме низ судењето на Дерек Шовин.“

Градоначалниот Елиот, иако е демократски избран и е првиот афро-американски градоначалник на Бруклин Џентар, не реководел во полицијата. Наместо нему, оваа моќ ѝ припаѓала на градскиот менаџер Курт Боганеј кој не бил демократски избран. По убиството на Дуанте Рајт, градоначалниот Елиот го отпуштил Боганеј и превземал контрола врз полицијата.

Но дури и со оваа брза реформа, полицијата повторно се однесувала агресивно спрема демонстрантите кои протестирале против полицијата. Мирните демонстранти биле дочекани од страна на 50 полицајци во опрема за немири и дури 40 луѓе биле уапсени по две вечери протести. Не е јасно како ќе се одвива ситуацијата и дали полицајката Кимберли Потер ќе биде обвинета за убиство.

 

Елена Гаговска

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.