Десетици луѓе се уапсени во текот на протестите во Рим кои се собраа пред Министерстсвото за финансии фрлајќи камења јавува Франс прес. На протестите се собраа повеќе организации и групи на поборници за правата на емигрантите, како и оние кои бараат подобри услови за домовање и противници на изградбата на железничка пруга на Алпите.
-Ќе го окупираме целиот град извикуваа студентите поминувајќи низ центарот на Рим.
Полицијата од демонстрантите запленуваше предмети кои може да послужат како оружје, како што се синџири, кациги, палки, ножеви.
Организаторите проценуваат дека на протестот се собрале околу 70 000 луѓе, а биле ангажирани меѓу 3000 и 4000 полицајци.
Денострантите претходно учествуваа на протестот на работничкиот синдикат и вработените во сообраќајниот сектор.
Протести против мерките на штедење имаше и во Португалија, во Лисабон каде илјадници луѓе влегоа во 400 автобуси закупени специјално за протестите, за да ја избегнат забраната на Министерството за внатрешни работи кое им забрани на демонстрантите пешки да поминуваат преку градскиот мостот„25 април“.
-„Долу влада“, „Лажговци бараме нови избори“ извикнуваа демонстрантите изразувајќи ја својата огорченост против мерките на штедење.