И денеска продолжуваат граѓанските протести во повеќе градови во Македонија.
Здружението „Протестирам“ за првпат најави дека денеска ќе има протести и во Тетово, Радовиш и Кичево.
Утрово на надвозникот на излезот од Тетово кон главниот град, пред вечерашниот протест поставена е парола „Парите на слобода, криминалците во затвор!“.
Вчера и покрај невремето во Скопје продолжија протестите. Овојпат цел на шарената револуција беше зградата на МНР.
Демонстрантрите вчера покрај познатите барања повлекување на аболицијата од Иванов за политичарите осомничени за криминал, одржување демократски и слободни избори, формирање експертска Влада и др, побараа слобода за вчера притворените активисти членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски.