По денешното сослушување на двајцата демонстранти и членови на Левица – професорот Здравко Савески и Владимри Куновски, судијата на претходна постапка  одлучил да им определи мерка кужен притвор од 8 дена, како и мерка за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа.

Судот не ги прифатил барањата за мерка притвор на Основното обвинителство заради основано сомнение дека го сториле кривичното дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од КЗ.

Кривичната пријава е поднесена од МВР а Савески и Куновски се товарат дека Савески извршил кривично дело на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорѓе Иванов и фрлал со предмет кон народната канцеларија на претседателот, додека В.К. кривичното дело го извршил на тој начин што, додека истиот се наоѓал во внатрешниот дел од народната канцеларија, преку искршениот прозор исфрлал неколку канцелариски столчиња на тротоарот.

Приведувањето на двајцата демонстранти наиде на остри критики во јавноста.

Професорскиот пленум приведувањето го оцени како срамен чин и повика на солидарност со нивниот колега Савески преку масовност на протестите.

„Професорскиот пленум најостро го осудува срамниот чин на приведувањето на нашиот колега Здравко Савески. Ја повикуваме целокупната академска и граѓанска јавност да застане во безрезервна солидарност со професорот Савески и масовно да излезе на протест против власта која аболира криминалци, a апси борци за граѓански права! ‪#‎протестирам ‪#‎protestoj #‎поздравпленумци“ се вели во реакцијата на Професорскиот пленум.

Од партијата Левица на прес-конференција денеска изјавија дека апсењето на Савески е отворен прогон на членовите на партијата и претставува обид да се исплашат луѓето кои учествуваат и ги поддржуваат масовните протести на граѓанската иницијатива „Протестирам“.

Приведувањето на двајцата активни демонстранти не го стивна револтот кај граѓаните кои и денеска 12. пат по ред излегоа на протест поодлуката на Иванов за колективна аболиција на политичарите. Дел до демонстрантите носеа беџови со натпис „Слобода за Здравко“.

Демири: Нека нѐ апсат, ние продолжуваме да протестираме