Додека во Скопје по 10 пат вечерва се одржува граѓански протести под називот Шарена револуција, протести со истата цел, меѓудругото, повлекување на одлуката на претседателот Иванов за аболиција, организирање фер и демократски избори, се одржуваат во повеќе градови низ државава.
Во Кавадарци протестниот марш започна од Катастарот на кружниот тек, преку Илинденска до Општината Кавадарци.
Во точно 18 ч. пред седиштето на Основниот и Апелацискиот Суд во Штип, започна протест на којшто граѓаните во Штип го искажуваат своето незадоволство од самоволието на претседателот Иванов во носењето одлуки за аболиција на криминалци.
Протести се одржуваат и во Битола и Куманово.
Во Битола протестот се одрѓува на плоштадот Магнолија со пораките „Нема правда нема мир“ и „Шарена револуција“.
Граѓаните попладнево регистрираа и автобуси кои организаа превоз до Скопје за учество во контрапротестите што ги организра ГДОМ.