Пациенти со дијабетес со аргументи за катастрофалната состојба со инсулините. Во студиото на НОВА демонстрираа како апаратчињата даваат погрешни резултати за шеќерот во крвта, објаснија како им ги кратат инсулините и лентите, а тие се боцкаат со една игла по 12 пати и ризикуваат да добијат инфекција.
Зошто децата се боцкаат со игли од трета класа кои не се употребуваат во светот, а прават модрици и болка. За притисоците и за тоа како Националната комисија за дијабетес ги нарекува манипуланти и лажговци во ПРОЦЕС говорат претседателите на здруженијата од Струга и Куманово, Иво Дукоски и Стефан Јовановски, како и Соња Стаматовска , мајка на дете со дијабетес. Беше поканет и претставник од Националната комисија за дијабетес, но одби да гостува со образложение дека не им е ниво да разговараат со пациенти.