На 12.август во сабота, на пладне пред Хотелот Ројал во Охрид, ќе започне првото издание на Олимпискиот пливачки маратон на 10 километри.
На стартот од маратонот ќе се појават четири македонски пливачи во машка конкуренција: Андреј Стојаноски, Александар Илиевски, Илија Стојановски и охриѓанецот Милан Китевски, ќе се натпреваруваат против пливачи од Бугарија, Србија, Холандија и Аргентина.
На маратонот ќе се плива кружно, односно еден круг ќе биде 1 километар, а пливачите ќе треба да испливаат 10 круга.
Стартот на маратонот во машка конкуренција ќе го означи Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и врховниот судија Анка Козамерник од Словенија.
Зегин фарм информира дека како генерален покровител на олимпискиот маратон, ќе подели за секој учесник поло мајца како и пакет органски производи од сепецијализираните продавници за органска и здрава храна Healthy food.