НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв Plogging во Македонија – акција за џогирање и собирање смет

0
By Нова ТВ on October 27, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многу граѓани денеска на кејот на Вардар џогираа, но со себе носеа и ќеси во кои собираа пластични шишиња и други отпадоци кои беа расфрлани на кејот. Тие се приклучија на повикот и се придружија на вработените од хотелот „Мериот“ кој, во соработка со Амбасадата на Шведска, во Скопје го организираше првиот Plogging во Македонија – светски познатата акција за џогирање и собирање ѓубре.

Од Камениот мост учесниците во настанот трчаа во должина од 2,1 километри по патеката на кејот и освен што се рекреираа, направија и нешто корисно за животната средина.

Plogging како иницијатива за прв пат се појави во Шведска во 2016 година  (зборот доаѓа од шведски plocka upp) и претставува варијација на трчање и виткање на телото со наведнување и истегнување при собирање отпадоци, со што има двојна функција – обезбедува физичка активност и истовремено придонесува за намалување на загадувањето на природата. Фитнес експертите имаат пресметано дека со половина час џогирање и собирање ѓубре кај просечниот човек се согоруваат 288 калории, додека само со џогирање се трошат 235 калории.

Од Шведска оваа иницијатива последниве години масовно се шири насекаде во светот поради зголемената загриженост за загадувањето на природата со пластични отпадоци.

Денес веќе насекаде можат да се сретнат луѓе кои џогираат и со себе носат ќеси и собираат ѓубре, а во многу земји се формирани и групи за plogging кои заедно џогираат и собираат пластични шишиња и други отпадоци.

Организаторите на настанот очекуваат дека оваа иницијатива ќе стане традиционална, особено што и во Македонија трчањето станува се попопуларно, а расте и свеста за потребата од грижа за животната средина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.