НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв случај на бебе со тешка клиничка слика и Ковид-19 – итно префрлено во Швајцарија

0
By Менче Атанасова Точи on May 28, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вистинска драма се случувала на Клиниката за детски болести за спасување на животот на десетмесечното бебе, за кое се утврдило дека има туморозна маса во мозокот, за што ќе се утврдува дали е директно повразна со Ковид 19, со кој било зазаразено бебето и неговата баба која го чувала.  Бебето кое е швајцарски државјанин со специјален авион е префрлено во болница во Цирих, за што специјално бил отворен скопскиот аеродром. НОВА ексклузивно ги објавува фотографиите од преземањето на бебето со медицински авионски транспорт, со т.н. мини болница, организиран од страна на здравствените власти во Швајцарија

Десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести. Бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија.

Вистинска драма се случувала на клиниката за спасување на животот на бебето, утредента кога се покажало дека бебето има тумор(туморозна маса) во мозокот, а се потврдило дека тоа и неговата баба се позитивни на Ковид-19. Информацијата за НОВА ја потврди и д-р. Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести.

“Детсетмесечното бебе беше донесено во неделата поладне во тешка состојба, со грчеви и покачена температура. Нашите итни анализи покажаа дека се работи за тумор на мозокот. На Клиниката остана 24 часа. Во текот на престојот добиен е и позитивен резултат за Ковид-19 кај детето и бабата, која се грижи за детето“, потврди за НОВА, д-р Најдановска Алуловска.

По ова започнала борбата бебето да се одржи во живот и да биде префрлено во Швајцарија, во Клиничкиот центар во Цирих.

НОВА ексклузивно ги објавува фотографиите од специјалниот медицински авионски  транспорт, со т.н мини болница, организиран од Швајцарија.

„Ова е прв случај на дете со толку сериозни компликации од Ковид-19 каде најверојатно коронавирусот предизвикал неутропност на мозокот, односно туморозна формација“, изјави за НОВА, д-р Аспазија Софијанова, која во понеделникот утрината инцирала снимање на КТМ каде се покажала туморозна формација, а откако стигнал и резултатот од тестот за Ковид-19, кој бил позитивен, веднаш ги известила родителите на бебето во Швајцарија.

Според, д-р Софијанова коронавирусот во своето однесување може да даде многу нејаснотии кај децата, почнувајќи од Кавасаки болест, до можна т.н неутропна генеза (поврзаност со оштетувања во мозокот) како и симптоми на гастроинтестиналниот систем. Во разговор со швајцарските лекари било дебатирано дека  е можно компликациите, состојбата во мозокот на детето може да е предизвикано од Ковид-19.

„Операцијата во Цирих ќе покаже дали делот од мозокот кој покажа промени  е тумор и Ковид независно, или промена налик на тумор како последица на инфекцијата од Ковид-19. Исто како што вирусот може да предизвика и Кавасаки лајк. Многу нетипично, како папилом, како крварење. Со операцијата во Цирих ќе се утврди точно што е“, објаснува д-р. Софијанова.

Таа вели дека веднаш го известила Кризниот штаб на клиниката за сериозната и комплицирана состојбата на бебето, како и таткото на бебето.

„Кога го видов бебето во таква состојба некое внатрешно „шесто чуло“ме натера да веднаш да се направи снимање на КТМ и се покажа дека има туморозна формација, суспектен папилом. Кога му соопштив, таткото кој е швајцарски државјанин веднаш го активира неговото здравствено осигурување и за пет минути ми се јавија од Клиничкиот центар во Цирих. Со лекарскиот тим бев за цело време во комуникација, даваа инструкции, се интересираа, прашуваа што имам преземено, како се движат сите параметри“ раскажува за НОВА, д-р. Софијанова.

Со лекарскиот тим од швајцарскиот Клинички центар било организирано бебето со специјален медицински авион, да биде префрлено во Цирих.

Додека го организирала сето тоа, бебето во еден момент престанало да дише, снемало пулс и веднаш започнала борбата за спасување на неговиот живот.

„Додека разговарав на телефон бебето одеднаш покажа нула дишење и нула пулс и истиот момент мораше да се реагира, беше интубирано и поставено на механичка вентилација. Колегите од Цирих прашаа дали е отворен нашиот аеродром и ми соопштија дека по бебето ќе дојдат точно во 23 часот и 22 минути, вечерта. Немаше време за чекање мораше брзо да се делува, беа известени министерот Филипче, МНР, МВР, беше организирано да се отвори аеродромот за да го превземат и транспортираат бебето, за таму да му се даде шанса за живот“, вели д-р Софијанова.

Вечерта со возило на Итната медицинска помош бебето било транспортирано на скопскиот аеродром, а како што било кажано, специјалниот авион од Цирих слетал точно во 23 часот и 22 минути, истиот ден во понеделник вечерта.

„ Сите бевме со висок степен на заштита. Швајцарскиот медицинскиот тим имаше врвна опрема, го превземаа бебето кое беше на механичка венталиција многу внимателно, го ставија во специјална капсула, се се одвиваше виско професионално, по строги протоколи, по што беше извршена и дезинфекција“, раскажува д-р Софијанова, која со уште една медицинска сестра од Итната медицинска помош го предале бебето на швајцарскиот медициски тим.

Со ова е дадена шанса за живот на бебето кај кое е можно Ковид-19 да направил компликации. Последна информација е дека бебето е хоспитализирано во Клиничкиот центар во Цирих, вели Најдановска Алуловска.

„Возило на Итна медицинска помош во придружба на специјалист од клиниката од одделеот за интензивна нега и терапија го трансферираше детето до аеродром.  Последната информација е дека е хоспитализирано во болницата во Швајцарија“, вели директорката, д-р. Најданосвка Алулоска.

Да не се случело ова, не се знае каков ќе беше исходот на лекување на бебето во нашата држава. По ова, бабата на бебето со возило за Итна медицинска помош била пратена на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Но, бидејќи и таа престојувала 24 часа на Клиниката за детски болести заедно со бебето, на одделот за пулмологија на третиот спрат, а веројатно и се движела таму,  ја прашавме директорката, д-р. Најдановска Алуловска што е направено за заштита на другите деца и персоналот.

„Тим од епидемиолози направија увид и три члена од персоналот се карактеризирани со среден ризик и се ставени во домашна самоизолација. Бебето беше во многу тешка, комплицирана и драматична состојба и навистина мораше да се делува ургентно и медицинските сестри беа постојано покрај него. Веднаш е направена дезинфекција, а патеката на движење е запазена, немаше други деца, бебето беше изолирано во собата“, изјави Најдановска Алуловска.

Таа додаде дека на сите оддели постојат соби за изолација доколку некое дете е сомнително на Ковид-19 и како што рече, заради ова не постои ризик од зараза на другите деца кои се хоспитализирани на клиниката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.