Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв студентски референдум на УКИМ

0
By Нова ТВ on October 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 5, 2016 12:11

Студентите кои се дел од Студентскиот пленум кои се дел од најстариот државен универзитет Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска за прв пат организираат референдум на сите факултети кои се дел од овој универзитет.

Прашањето на првиот референдум гласи „Студенту, дали Студентскиот парламент треба да остане невладина организација како што е во моментот“.

Според првите проценки на пленумот, во првите два часа од почетокот на референдумот излезноста е задоволителна и до сега бројките на студенти се следни: Правен факултет – 75 гласови, Економски факултет – 138 гласови, Градежен факултет 45 гласови, Архитектонски факултет- 75 гласови, ПМФ – 30, Медицински факултет -114 гласови, ФИНКИ – 14 гласови.

Вечерва се очекуваат првите неофицијални резултати на референдумот, кои ќе покажат како се изјасниле студентите за функционирањето на Студентскиот парламент (СПУКМ).

„Целта на денешниот неформален студентски референдум е да се покаже притисок врз самиот СПУКМ, дека самите студенти сакаат да кажат стоп на Студентскиот парламент и неговата неконтролираност во однос на трошењето на неговите пари и неговата нефункционалност. Сакаме и да покажеме дека СПУКМ треба да стане дел од самиот Универзитет. Гледаме дека е проблем тоа што Студентскиот парламент е невладина организација и немаме никаква контрола врз истиот. И покрај сите настани што се случија изминатите месеци, како што се изборите кои беа нелегитимни, тепачките и финансискиот извештај кој го обелоденивме пред јавноста, никаква директна контрола не може да се има врз самиот СПУКМ“, велат од Студентскиот пленум.

За референдумот на секој факултет е формирана изборна комисија составена од студенти, која брои минимум два члена. Избирачката комисија управува со избирачкиот материјал (избирачки кутии, избирачки ливчиња, избирачки список), на начин на кој се грижи за остварување на тајноста и правилата на избирачкиот процес. Референдумот се одржува од 9 до 17 часот, а право на глас имаат сите студенти кои со себе ќе понесат индекс или студентска легитимација а ќе се гласа на избирачки места на сите факултети во рамките на УКИМ.

Од СПУКМ засега не се достапни за коментар за референдумот кој се организира на факултетите. Референдумот доаѓа после изборите за студентско раководство на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“, кои летоска се одржаа во скандалозна и насилна атмосфера. Студентите неколку пати бараа поништување и повторување на изборите.

Наместо на мирен, фер и демократски начин, дел од студентите обвинија дека биле тепани и туркани од Единицата за брзо распоредување, која го штитеше раководството на СПУКМ кое реши да ги спроведе изборите за студентски лидер по секоја цена.

Изборните кутии од избирачките места пред камерите на медиумите беа изнесувани од избирачките места, иако според Статутот, гласачките кутии се отвораат на факултетите и гласовите треба да бидат пребројувани јавно.

И покрај овие случувања и реакциите на студентите и академската заедница, СПУКМ соопшти дека за нов претседател и лидер на студентите е избран Давор Поповски, кој беше кандидат заедно со Стефан Василевски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.