Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва собраниска седница во 2024

0
By Marija Todorovska on January 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците денеска ќе ја започнат првата нова седница за оваа година. На дневен ред на 138. седница се повеќе од дваесет точки, претежно закони по скратена постапка.

Пратениците треба да ги разгледаат дополнување на Законот за државното правобранителство, измени на Законот за спорт,  Предлог на закон за стручно усовршување и обука на административните службеници,  Предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација (*), Предлог на закон за административни службеници, Предлог на закон за вработените во јавниот сектор, измени и дополнувања на законот за електронско управување и електронски услуги, Предлог на закон за рибарство и аквакултура, сите по скратена постапка.

На деневен ред се и  Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, сите по скратена постапка.

На оваа 138. седница во прво читање се Предлог на закон за правда за децата, изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите и изменување на законот за управување со дополнителни текови на отпад.

Пратениците ќе дебатираат и за Предлог – национална стратегија за развој на културата со Акциски план за периодот 2023-2027 година, како и за Предлог на одлука за давање согласност на Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година, и за Предлог на одлука за давање на согласност на финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година.

пратеници предлог за закон седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.