Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Заев – Гир по блокадата од Бугарија: Да се направат сите напори за отворање на преговорите

0
By Нова ТВ on November 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев имаше средба со амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир на која му се заблагодари за помошта за надминување на пандемијата со КОВИД-19, преку дадената хуманитарна помош и финансиска поддршка.

Премиерот Заев подвлече дека Владата е цврсто посветена на својата агенда за интеграција во Европската Унија, што е стратешка цел на земјата, при што додаде дека заклучоците на Советот на ЕУ од март 2020 година, потврдија дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори со ЕУ.

Беше констатирано дека следејќи ги препораките содржани во Извештајот на Европската комисија за 2020 година, Владата прави силни напори да ги зајакне домашните ЕУ реформи на ефикасен и инклузивен начин. Покрај тоа, премиерот Заев изрази благодарност за планот за економски инвестиции усвоен од Европската Унија, како силен сигнал за посветеноста и поддршката на ЕУ за економскиот напредок на регионот на Западен Балкан.

Премиерот Заев и амбасадорот Гир се согласија дека треба да се направат сите напори за операционализирање на историската одлука на Европската Унија за отворање преговори со Северна Македонија, со цел одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на 2020 година за време на германското претседателство со ЕУ.

Амбасадорот Гир исто така ја истакна важноста на постојаните напори за решавање на отворените билатерални прашања.

Од своја страна, Амбасадорот ја поздрави заложбата на Владата да продолжи да напредува во спроведувањето на реформите поврзани со Европската Унија, кои пред сѐ, се во интерес на сите граѓани, но и важни за приближување на Северна Македонија кон ЕУ.

Што се однесува до пандемијата предизвикана од КОВИД-19, амбасадорот Гир потсети на сеопфатната поддршка што ЕУ и ја дава на Северна Македонија во овој поглед, во областа на здравствената заштита и макрофинансиската поддршка и заштитата на работните места.

На средбата, беше заклучено дека економскиот и инвестициски план усвоен од ЕУ, кој го презентираше комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји во октомври, особено нуди перспективна поддршка на економското закрепнување од пандемијата преку значителни инвестиции во агендата за поврзување, зелената агенда, бизнисот и човечкиот капитал.Меѓу другото, беше разговарано и за резултатот од Самитот на Берлинскиот процес, на кој Северна Македонија беше ко-домаќин со Бугарија на 10 ноември.

Амбасадорот ги поздрави преземените обврски за воспоставување заеднички регионален пазар заснован на принципите на единствениот пазар на ЕУ – слобода на движење на капитал, стоки, лица и услуги, при што беше истакнато дека овие активности ветуваат значителни придобивки, кои ќе произлезат од поголема интеграција во рамките на Западен Балкан и во ЕУ.

Соговорниците ја подвлекоа важноста на Зелената агенда на Западен Балкан на која лидерите се обврзаа и која постави патека за решавање на некои од најгорливите прашања во нашето време, вклучувајќи ги климатските промени, деградација на животната средина и губењето на биодиверзитетот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.