Потпретседателката на Националната партија на Шкотска, Николa Старџон во ноември ќе го наследи лидерот на партијата Алекс Салмонд, со што ќе стане првата жена на премиерската функција во Шкотска.
Местото претседател на партијата значи дека Старџон истовремено ќе биде и првата жена на функцијата Прв министер, односно Премиер.
– Таа ќе бидефантастичен лидер, како за партијата така и за земјата, се наведува во соопштението на партијата.
Откако на референдумот на 18.септември Шкотланѓаните се изјаснија дека сакаатда останат дел од Велика Британија, Алекс Салмонд соопшти дека поднесува оставка.