Денеска е светски ден на шегата, 1 април кој се одбележува веќе со векови наназад, со неизбежното „априлили”, но сеуште нема конкретен избор зошто ова станало “народен празник”.
Некои велат дека за сето ова е виновна Франција, кога во 14 век ходината почнувала на 1 април, според грегоријанскиот календар. Постои толкување дека народниот празник се појавил кон крајот на средниот век во Европа како „Ден на сите шеги“ кој бил за општонародна веселба. Освен ова, постои и теорија според која корените на тој празник се од стариот Рим бидејќи тамошното население знаело добро да се забавува смислувајчи шеги тој ден.
Како и да е, во многу земји низ светот се одбележува на различни начини, а во Сан Диего постои и Музеј на шегата во кој се објавени најдобрите шеги објавени во англосаксонските медиуми.
Една од најпознатите шеги датира од 1957 година кога е направен документарен филм од страна на BBC за годишната жетва на шпагети во Швајцарија, каде што е претставено семејство кое бере шпагети од дрво. Многу луѓе биле измамени, а дел од нив сакале да си купат свое шпагети дрво.
Овој ден во Македонија исто така се прославува и со маскенбал, со креативни маски кои треба да ги излажат пријателите, родителите, наставниците. Држејќи се до традицијата и многу медиуми, компании, блогови се огласуваат на разни првоаприлски шеги.