Американски доктор кој се вратил во Њујорк откако работел со лица заразени од смртоносниот вирус ебола во Западна Африка, имал позитивен тест на оваа заболување, прв таков случај во „Големото јаболко“.
Градоначлникот на Њујорк, Бил де Бласио соопшти дека Крег Спенсер кој работел за „Лекари без граници“ бил примен во болница со симптоми на ебола.
Гуверенерот на Њујорк Ендрју Куомо изјави дека од враќањето на докторот од Гвинеја во почетокот на месец октомври, тој имал многу малку контакти со други луѓе.
Во меѓувреме, властите на Мали соопштија дека едно две годишно девојче било заболено од ебола, прв случај во оваа африканска земја.