Блекбери најави дека планира да намали 4.500 работни места, или 40% од својата светска работна сила, во обид да се справи со огромните загуби, јавува ББЦ.
Творецот на смарт телефонот изјави дека очекува загуба од $ 995 милиони кога ќе ги прикаже извештаите на вториот квартал на приходите следната недела.
Акциите во фирмата затворија 17% кратко по објавувањето.
Во август, канадската компанија соопшти дека прави прооценка за можна продажба.
Во изјавата од петокот, главниот извршен директор на Блекбери Торстејн Хејнс Blackberry рече: “Ние спроведуваме тешки, но неопходни оперативни промени за да ја создадеме нашата позиција како зрела и повеќе конкурентна индустрија, и да ја водиме компанијата кон профитабилност.”