Загинат е еден украински војник при пукање во Крим близу воената база во Симферопол, јавува украинската агенција Интерфакс. Засега идентитетот на напаѓачот е непознат за Украина.
Според известувањата на Ал Џезира, веста е шокирачка за сите во Крим, а со смртта на војникот ситуацијата може да ескалира, бидејќи на Полуостровот е доста тензично.
Во меѓувреме, BBC јавува дека e ранет уште еден војник.
Од друга страна, додека Украинците тврдат дека базата е заземена од руски војници, Москва тврди дека кон војникот е пукано од снајпер.
Украинското министерство за одбрана преку социјалните мрежи, напаѓочот го опиша како „вооружено маскирано лице“.
Инаку, седумте најразвиени држави од Западот, го суспендираа членството на Русија во Г-8. Путин потпиша нацрт-закон за припојување на Крим, додека Киев го осуди признавањето на самопрогласената Република Крим.