Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пукања врз полицијата, дали навистина е постигнат договор во Украина?

0
By Нова ТВ on February 21, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зборови на надеж или само затишје пред поголемо невреме. Светски медиуми известуваат дека по вчерашниот драматичен и крвав ден, во Киев ноќта помина без насилство. И додека поголемиот дел од светските медиуми известуваат дека по цело вечерните преговори со претставници на Европската Унија постигнат е договор, на Твитер новиот “ринг“ за разменување информации, се повеќе вријат информациите дека опозицијата и демонстрантите нема да го прифатат новиот договор и остануваат на барањето оставка на Јанукович и негово ставање на обвинителната клупа.

На социјалната мрежа се огласил и германскиот Министер за надворешни работи со порака дека двете страни ги одложиле преговорите за подоцна во текот на денот. Овие информации ги потврдил и францускиот преставник во договорите, кој соопштил дека на опозицијата и е потребно време да ги консолидира своите редови. Додека пак Ал Џезеира известува дека Јанукович, ја губи својата моќ пред опозицијата особено по вчерашните крвави пресметки, за кои Западот вината ја бара во власта.

Дека мир не е постигнат потврдуваат информациите на киевската полиција, според која демонстрантите утрово во 10 часот отвориле оган врз полицијата. Инцидентот се случил во Киев помеѓу Плоштадот на независноста и зградата на парламентот. Полицијата возвратила.

Иако украинската телевизија, само половина час пред тоа објави информации дека новопостигнатиот договор предвидува предвремени претседателски избори, коалициона Влада и промени во Уставот, европската страна не открива детали бидејќи според нив конечен договор не е постигнат.

Иако се погласни се гласините, дека со новонастанатата состојба, во борба против демонстрантите би можела да биде пуштена и украинската војска, аналитичарите тврдат дека е малку веројатно дека војската ќе го нападне сопствениот народ. Во прилог на овие тврдења сепак не одат вчерашните официјални бројки според кои повеќе од 100 лица го загубиле животот, кога полицијата отвори оган врз демонстрантите.

Американскиот потпретседател Џо Бајден, во вчерашниот разговор со украинскиот претседател, го советувал да ги повлече силите и да покаже воздржаност во решавање на проблемите.

Она што е сосема видливо, пишува Ал Џезеира, е тоа дека и по вчерашниот крвав ден во Украина е тоа дека постои поделеност на земјата. Западните градови се оние кои покажуваат отворен револт кон владеењето на Јанукович, додека голем дел од источна Украина го подржува Претседателот и сеуште одржува цврсти врски со Русија, нивниот поранешен советски владетел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.