Вашингтон: Вчера во се случи пукање во кое безбедносните сили ранија „сомнително лице“.
Американската тајна служба потврди дека нејзини агенти биле на местото на настанот во близина на Белата куќа, која накратко била затворена попладнето, пренесува Ројтерс.
Тајната служба првично објави на социјалните мрежи дека нејзините агенти биле на местото на пукање на раскрсницата на „15-тата“ улица и Авенијата „Индепенденс“.
Едно лице беше повредено од страна на полицајците, а неговата состојба е непозната во овој момент“, се вели во соопштението. Подоцна се додава дека инцидентот е „резултат на конфронтација меѓу вооружено лице и полицајци на Тајната служба.
И градската полиција на Вашингтон потврди дека се на местото на настанот и вршат истрага. „естото на настанот е безбедно. Избегнувајте ја областа бидејќи патиштата ќе бидат затворени неколку часа, соопшти полицијата.




