Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пуштени од притвор Могерини и Санино по сослушувањето во антикорупциската истрага на ЕУ

0
By Zoran Ivanov on December 3, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 3, 2025 12:23

Белгиските власти ги ослободија од притвор поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, висок функционер на Европската Комисија, Стефано Санино и уште еден осомничен, откако тројцата беа сослушани во рамки на корупциска истрага. Засега не се поднесени обвиненија, а ослободувањето е образложено со тоа што не се смета дека постои ризик од бегство, пренесува Euronews.

Истрагата ја спроведува Европското Јавно обвинителство и се однесува на сомневања за измама поврзана со проект финансиран од ЕУ – академија за обука на млади дипломати. Осомничените беа приведени во вторникот, а обвинителството во соопштение наведе дека формално им биле врачени обвиненија за злоупотреби при јавни набавки, корупција, судир на интереси и повреда на професионална тајна, со напомена дека сите се сметаат за невини до правосилна одлука на судовите во Белгија.

Во рамки на истрагата, полицијата извршила претреси во седиштето на Колеџот Европа во Бриж и во просториите на Европската служба за надворешно дејствување во Брисел. Третиот осомничен, според обвинителството, е висок службеник на Колеџот, а медиуми од Италија јавуваат дека станува збор за италијански државјанин.

Според обвинителството, целта на истрагата е да се утврди дали биле прекршени правилата за јавни набавки, вклучително и дали доверливи информации за тековна тендерска постапка биле споделени со еден од кандидатите – Колеџот на Европа – пред проектот формално да биде доделен. Колеџот соопшти дека целосно ќе соработува со надлежните институции и дека презема мерки за непречено продолжување на своите активности.

 

Могерини притвор пуштена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026

Амбасадор на Иран во Русија: Планот на Трамп не успеа

March 17, 2026
ФОКУС
March 26, 2026Updated:March 26, 2026

Петмина  уапсени за дојавите за бомби во тетовските училишта – само еден е полнолетен

ВЕСТИ March 26, 2026

Тројца малолетни жители на Тетово и околината денеска се уапсени под сомнение дека биле вмешани…

Техеран го отфрла планот на Трамп – има свои услови

March 26, 2026

Иран тврди дека е погоден американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“

March 25, 2026

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

March 23, 2026
ТИКЕР

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026

Амбасадор на Иран во Русија: Планот на Трамп не успеа

March 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.