Се обновуваат шпекулациите околу љубовниот живот на Владимир Путин минатата ноќ, по ТВ-снимките кои покажаа дека неговата наводна девојка има венчален прстен.
Додека рускиот претседател како домаќин на Зимските олимписки игри во Сочи присуствуваше вчера на настанот, гламурозната шампионска гимнастичарка Алина Кабајева, 30, беше на детски спортски настан во индустрискиот град Нижнекамск, каде го покажа својот прстен кој е токму на венчалниот прст на десната рака, пред екипите на телевизиските камери, после што следуваше серија на интернет коментари .
Путин, 61, исто така, беше прикажан со венчален прстен за време на состанокот со египетскиот министер за одбрана минатата недела, пред веб-сајтот со вести, пријателски кон Кремљ, да ја повлече сликата, велејќи дека е снимен во јуни минатата година, пред тој и неговата сопруга Људмила да се разведат.
