Рускиот претседател Владимир Путин објави дека ќе ја оживее праксата од советското време, сите деца на школска возраст да мораат да поминат тестови за физичка подготвеност, оценувајќи дека тоа ќе ги научи да се одбранат себе, своето семејство и татковината.
Путин се заложи за програмата за оценување на физичката подготвеност на учениците којашто се нарекува „Подготвени за работа и одбрана“.
Според оваа програма, воведена во 1931 година во време на советскиот диктатор Јосиф Висарионович Сталин, од сите деца на школска возраст и студенти се барало редовно да ги помина нт сите тестови за физичка активност, а оние кои ќе успеат добивале сребрени и златни значки.
Во првите години, целта на програмата била да ги подготви децата за служење во Црвената армија, но постепено губела значење, па престанала да постои со распадот Советскиот сојуз во 1991 година.