Рускиот претседател Владимир Путин нареди непланирани воени вежби во регионот на Црното Море, што може да доведе до зголемување на тензиите со Украина и Грузија.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави за новинарите во Москва дека оваа наредба Путин ја издал во 04:00 наутро, веднаш по враќањето од самитот на земјите на БРИКС во Јужна Африка, објави Ројтерс.
Според руските новински агенции, во непланираните воени вежби ќе бидат вклучени 36 бродови и 7.000 војници.