Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Белград, а на аеродромот „Никола Тесла“ беше пречекан од српскиот претседател Томислав Николиќ. Пред српската палата организиран беше и свечен дочек за Путин, за кој предвидено е да присуствува и на денешната воена парада.
Николиќ го одликувал Путин со Орден, пренесуваат српските медиуми, а одлкивуањето Путин го прифатил „во знак на почитта и љубовта на Србија кон Русија и рускиот народ“.
Во моментов Путин разговара со српскиот премиер Александар Вучиќ.
Претходно Николиќ изјави дека Русија е голем пријател на неговата земја. „Во денешно време, стана модерно пријателството да се мери во рамки на трговската размена, но ние на тоа гледаме поинаку. Србија денеска нема непријатели, но имаме помали и поголеми пријатели. Русија е од поголемите“.
Српскиот претседател му се заблагодарил на Путин за непризнавањето на Косово, по што рускиот претседател соопштил дека се работи за принципите на Москва.