Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на долгорочен прекин на огнот во Украина со цел да бидат спроведени мировни преговори помеѓу властите во Киев и источниот регион на земјата, кој го преземаа сепаратистите. Путин за време на дипломатска церемонија во Кремљ порача и дека насилството принудило илјадници Украинци да побараат засолниште во другите земји, меѓу кои и Русија.
Извор: Радио Слободна Европа