Американската советничка за национална безбедност Suzan Rajs го предупредила Путин да не влегува со војската во Украина.
-Не сум сигурен дека Путин ќе го земе во обзир предупредувањето, изјавил поранешниот советник во Кремаљ, Андреј Иларионов.
Руското приближување кон пристаништето во Севастопол во Украина, може да се случи за една недела предупредува Иларионов. Тој тврди дека рускиот претседател Путин ги отфрла предупредувањата на Западот и ја ставил војската во состојба на подготвеност. Рускиот премиер Димириј Медведев предупредил дека не ја признава револуционерната власт во Украина.
-Не разбирам што се случува таму. Постои голема опасност за нашите интереси и нашите граѓани, изјавил Медведев.
Официјален Киев, верува дека претседателот Путин е бесен поради заради прогонувањето на Јанукович и дека ги ставил руските воени сили во состојба на подготвеност.
Иларионов и претходно предупреди дека Русија сака отцепување на деловите од Украина со руско население.
-Познато е дека Путин не ја доживува Украина како држава. Од нивното гледање на работите, Украина никогаш нема да биде толку слаба пред Русија, Русија никогаш нема да биде толку силна како сега, а САД и ЕУ никогаш нема да бидат толку рамнодушни кон кризата во Украина, вели Иларионов.