Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски за загинатите граѓани на оваа земја во сообраќајна несреќа на бугарска територија, јави ТАСС.
„Прифатете го моето најдлабоко сочувство во врска со смртта на граѓаните на вашата земја, вклучително и деца и младинци, предизвикана од сообраќајна несреќа во Бугарија“, се вели во текстот на телеграмата, објавена денеска на веб-страницата на Кремљ.
Путин вели дека пренесува „зборови на искрено сочувство и поддршка на роднините и пријателите на жртвите, како и желби за брзо закрепнување на сите жртви“.