Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави официјално дека е подготвен да го ратификува нацрт законот кој предвидува припојување на Ким кон Русија.
Во документот кој е објавен на интернет страницата на Кремљ, рускиот претседател ги повикува руските власти (владата и парламентот) да го одобрат законот, оценувајќи дека „вистинско време“ за ратификација.
Путин вчера го потпиша указот „за признавање на Република Крим“ со кој се признава независност на јужниот украинки полуостров, со што го отвори патот за негово спојување со Руската федерација.
По тој повод Путин денеска ќе им се обрати на членовите на два дома на рускиот парламент и ќе ги извести за барањето на Крим. Ова е првиот чекот кон процедурата за усвојување на законот со кој Крим би се припоил кон Русија како рамноправна членка на федерацијата.
Во Крим во неделата на референдум мнозинството граѓани се изјаснија за отцепување од Украина и за припојување кон Русија.