НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин „влегува“ во македонската Влада, заедно со пет вицепремиери и само три министерки!

0
By Marija Todorovska on June 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ако имаше зголемување на застапеноста на жените во извршната власт, тоа ќе беше позитивен тренд, доколку се заштити квотата на двата претходни состави, тоа ќе претставуваше стабилност во застапеноста, но застапеноста како што е сега претставува стагнација и овој факт не е добра вест за државата. Проблем и некадарност на Мицкоски е што дозволува во неговиот кабинет да има човек близок на Путин, пропагандист и нивна продолжена рака во владата“.

Ова е заклучокот од изјавите за „Фронтлајн“ на познавачите на политичките збиднувања во земјава, зборувајќи за кадровскиот избор на новата Влада предводена од Христијан Мицкоски.

– За мене не е толку важно да ги бројам колку се жени, колку се мажи – туку дали се соодветни и едуцирани да ги водат ресорите кои им припаднаа во новата влада. Искрено мислам повеќе од половина појма немаат на што ќе шефуваат и треба да го менаџираат. Замислете Мисајловски на одбрана, оти Николовски кој застана на транспорт и врски му го зима ресорот транспорт и врски кој го водел и велат бил успешен. Претпоставувам дека и самиот Мисајловски е разочаран што ќе ја води одбраната за која појма нема, ама очигледно Николовски подобро излобирал кај шефот за да го добие ресорот каде се вртат големи пари, проекти… А можеби Мицкоски пресметал дека Николовски ќе му биде подобар партнер за заеднички да ги водат милионските проекти слично како Груевски и Миле, изјави за „Фронтлајн“, Ацо Кабранов – долгогодишен новинар и политички аналитичар.

Има уште примери, додава тој, за вакви лупинзи во кадровската политика на новата влада, очигледно измешано е лојалноста кон лидерот, влијанието на бизнис лоби групи во назначување на првите луѓе на ресорите за да имаат свое влијание, да им врви работата.

– Од првите изјави некако се согласувам дека ДУИ заспива во голем би рекол мафијашки криминал но не беа националисти и Македонија ја чувствува како своја држава. ВЛЕН од првите изјави и чекори праќа силни сигнали дека се работи за националисти на врвот на овој партиски конгломерат со исклучок на Изет Меџити кој не би го броел во Тетовско друштво со Касами и Таравари – кои за почеток играат на националистичка карта. А Мицкоски молчи ако го прашаат – не чул, не видел – а толку му пречеа или нарачуваше напади за многу по бенигни националистички изјави или чекори од нему „омразената“ ДУИ, вели нашиот соговорник.

Според него, нa лидерот на српската партија Иван Стоилковиќ кој јавно се фали и делува како Путинист, не му е местото за вицепремиер за односи меѓу заедниците во влада, држава, членка на НАТО, која, како што нагласува Кабранов, се бори да се ослободи од руски структури, да не речам шпиони распоредени сè уште во институциите на власта.

– Проблем и некадарност на Мицкоски е што дозволува во неговиот кабинет да има човек близок на Путин и човек близок на Курти, односно вицепремиери пропагандисти на нивните странски не само симпатии, туку и нивна продолжена рака во влада на странска држава, подвлече Кабранов.

Политичкиот аналитичар Дритон Зенку вели дека ако имаше зголемување на застапеноста на жените во извршната власт, тоа ќе беше позитивен тренд, доколку се заштити квотата на двата претходни состави, тоа ќе претставуваше стабилност во застапеноста, но застапеноста во овој степен само претставува стагнација и овој факт не е добра вест за државата.

– Улогата на Иван Стоилковиќ во новиот состав на владиниот кабинет и токму на оваа функција не е добро решение, иако министрите не се независни и не носат политички одлуки без одобрение на владата. Се ќе зависи од тоа каква ќе биде политиката на владата на овој план. Како контроверзно име во владиниот кабинет, тој не е најдобриот избор, но како политичка фигура беше моќен и во минатите влади. Тоа значи дека министрите главно ќе го играат орото на владата кога е во прашање големата политика. Во изминатите 23 години, традиција беше дигастерот на етникуми да биде претставен од најголемата немакедонска етничка заедница, односно Албанците. Овој избор не ги задоволува другите етнички заедници. Ако може да биде Србин, зошто да не е Ром или Турчин, кога се знае дека српската заедница е најмалата заедница на број, изјави Зенку за „Фронтлајн“.

Тој потенцира дека зголемувањето на бројот на министерства без конкретни цели и идеи не значи дека ќе донесе ефикасност.

– Ако идејата е само да се отворат нови работни места за некои владини кадри, овие дигестери нема да бидат ефикасни и долгорочни. Да имаше едно или две министерства со стабилен развоен фокус, тоа ќе беше логична и стратешка одлука, но да се измешаат културата и туризмот сметам дека тоа не е добар чекор. Немаме спорт развиен на такви нивоа за да имаме посебен владин дигастер за оваа дисциплина, уште повеќе кога во минатото имавме институции кои се занимаваа со организација на спортскиот живот, потенцира тој.

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми – коментирајќи ја номинацијата на Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите, да биде вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците изјави дека „Охридскиот договор за првпат по 2001 година е во рацете на Србин“.

– Охридскиот договор за првпат по 2001 година е во рацете на Србин со путинистички убедувања! Промената штотуку започна! – искоментира Адеми.

Стоилковиќ важи за политичар близок со српскиот претседател Александар Вучиќ и со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој е под санкции на САД. Тој негува и добри односи со Русија. Тој беше еден од тројцата пратеници, заедно со Реџеп Исмаил – Хактан и Борислав Крмов од Левица, кои се појавија како гости на државниот прием по повод националниот празник – Денот на Русија што во Скопје го организираше руската амбасада.

Во мај лани, Стоилковиќ учествуваше на меѓународниот безбедносен форум во Москва.

– Скапоцено искуство и многу нови сознанија, тоа е билансот на моето патешествие во Русија, искоментира Стоилковиќ на Фејсбук по учеството на овој настан.

Идната влада, вклучувајќи го и Христијан Мицкоски како премиер, ќе брои 24 членови. Во неа ќе има пет вицепремиери, само три жени министерки, а речиси сите, со исклучок на четворица, веќе имаат искуство како функционери во извршната, законодавната или локалната власт.

Дел од нив биле на функции и во време на влади на СДСМ. Покрај од двете најголеми заедници – македонската и албанската, во првиот ешалон од извршната власт ќе има и функционери од српската и ромската заедница.

Северна Македонија ќе има и вицепремиер кој негува добри односи со Русија и додека беше пратеник, во периодот откако е започната руската инвазија на Украина, ја посетуваше и Москва.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

вицепремиери Влада Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.