Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека 50.000 мобилизирани војници се распоредени во борбените единици во Украина, објави агенцијата Интерфакс. Тој додаде дека 80.000 се наоѓаат „во зоната за специјални воени операции“, а 320.000 се во кампови за обука во Русија.
Во моментов 50.000 се во нивните борбени единици. Останатите се уште не учествуваат во борбите, истакна Путин за време на посетата на регионот Твер во близина на Москва.
Во септември, Путин нареди „делумна мобилизација“ со цел да се испратат стотици илјади нови борци во војната, откако Украина во контраофанзива повторно зазеде големи делови од земјата.
Мобилизацијата предизвика егзодус на стотици илјади Руси и протести низ целата земја. Путин минатата недела изјави дека покани за мобилизација добиле 318.000 граѓани.