Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин во Србија меѓу Русија и ЕУ

0
By Нова ТВ on October 16, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот претседател Владимир Путин е почесен гостин на денешната воена парада во Белград по повод 70 годишнината од ослободувањето на градот. Оваа посета, според оценките, е полна со симболизам со оглед на тоа што Србија оди на работ меѓу Европа на која сака да и се приклучи и големата сила која не може да ја остави, анализира Радио Слободна Европа.

Соединетите држави и Европската унија неволно гледаат во слика на која рускиот претседател Владимир Путин ја поздравува парадата на неколку илјади српски војници во Белград.

Станува збор за прва воена парада во Србија во изминативе 30 години, а е во чест на ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Во тоа југословенските партизани имаа голема помош од тогашната советска Црвена армија.

Тоа што парадата се одржува четири денови пред традиционалниот ден на ослободувањето на Белград, 20 октомври, според критичарите, претставува своевиден поданички гест на Србија со оглед на тоа што Путин по Белград веднаш оди на самитот на Европската унија и Азија во Милано.

„За нас 70 годишнината од ослободувањето на Белград е многу важен настан. Ние не се срамиме од нашите гости и сакаме да имаме добра соработка и со Руската федерација. Но, ви повторувам дека и пред претседателот Путин ќе кажам дека Србија се наоѓа на европскиот пат“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ. И покрај желбата на Србија да стане членка на Европската унија, врските меѓу Белград и Москва се зацврстија откако Унијата воведе санкции против Русија за анексијата на Крим и за поддршката на сепаратистите во источна Украина.

Вучиќ за Радио Слободна Европа нагласи дека неговата земја се соочува со тешкотии бидејќи треба да балансира меѓу Русија и Европската унија.

„Ние не сме дел од Европската унија и никој не побара да воведеме санкции против Русија, па зошто да го правиме тоа сега?, праша Вучиќ.

За Србија, руското вето во Советот за безбедност на Обединетите нации е единствената пречка на патот на Косово да стане членка на Светската организација, белградската црвена линија откако косовските албанци, со поддршка на Западот, прогласија независност од Србија.

Белград го омекна својот став околу ова прашање во замена за почеток на преговорите со Унијата, а Западот оттогаш на Србија гледа како на стабилизирачки фактор во регионот кој десетина години беше зафатен со војни.

Од друга страна, воената парада во Белград е добредојдена и за Путин, особено дома каде што руската економија почна да ги чувствува западните санкции.

Србија како и повеќето источноевропски земји зависат од рускиот гас, но и намигнувнаат на можноста од поголем извоз на производи за Русија.

Сето ова прави Белград да се обидува да ги пречекори и Истокот и Западот, трик кој успешно го одигра поранешниот југославенски претседател Јосип Броз Тито за време на Студената војна. Но, аналитичарите сметаат дека, по паѓањето на Берлинскиот ѕид, тоа не е оди така лесно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.