Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работна средба Бесими- Кутиров во Царинската управа

0
By Mirjana on December 28, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На работниот состанок директорката на Царинската управа г-ѓа Славица Кутиров, го информираше министерот за финансии за реализираните и тековните проекти што произлегуваат од програмата на Владата, притоа потенцирајќи ги активностите кои ги презема Царинската управа за справување со сивата економија, што воедно се дел од активностите на кампањата „Внеси боја во сивата економија“, што ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за финансии.

Директорката Кутиров информираше и за низата мерки што ги презема Царинската управа во насока на поедноставување и олеснување на царинските постапки, а со цел одржување и унапредување на прекуграничната трговија.

 Меѓу темите на разговор беа и  статусот и активностите поврзани со проектот за воведување на Track&Trace системот за следење на акцизни производи, што се очекува да придонесе за подобра контрола на акцизната стока на целата територија на државата.  Министерот за финансии беше запознаен и со статусот на реализација на проектите кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“, како што е взаемното признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО) и заедничките гранични контроли (One Stop Shop) со Република Србија и Република Албанија. Справувањето со корупцијата како најголем предизвик на општеството, но и на Царинската управа беше дел од дискусијата на состанокот, како и мерките што се преземаат за воведување на системско решавање и подобрување на контролата на меѓународниот превоз на стоки и патници.

Министерот и директорката се согласија дека успесите во работата не се случајни туку резултат на повеќегодишна, фокусирана и тимска работа при што ја истакнаа заложбата  за понатамошна успешна соработка во насока на поедноставување на царинските постапки, зголемување на конкурентноста на домашната економија и намалување на трошоците на економските оператори.

Бесими Кутиров Работна Средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.