НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работници и геометри на местото на новиот Клинички центар

0
By Менче Атанасова Точи on January 27, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не се знае што барале геометри и работници и дали започнува изградбата на Клиничкиот центар. Но, денеска на пладне дошло до инцидент меѓу работниците кои го обезбедуваат просторот и работниците кои ја отстраниле оградата при што интервенирало клиничкото обезбедување 

Инструменти за премер на просторот и подготовка за околчување, работници кои ја отстрануваат оградата околу дупката на просторот на стара гинекологија. Раздвижено е викендов на местото каде што првично беше предвидено да се гради новиот Клиничкиот центар.

Според информации на НОВА, работниците се таму од пред два дена каде интензивно се вршело премер на просторот.

Но, утринава дошло до расправија и инцидент меѓу работниците од фирмата која ја обезбедува дупката и ја имаат поставено оградата и новите кои што дошле да ја тргнат. При ова интервенирало и клиничкото обезбедување при што работниците го напуштиле местото.

Од фирмата „Група Македонија Медикал“ која ја срушила старата зграда и ја имаат ископано дупката по што ја поставиле оградата велат дека според договорот имаат одговорност да го предадат просторот обезбеден за да не се повреди некој.

Од таму тврдат дека работници од некоја друга фирма без преходна најава ја отстраниле ограда, а дупката останала необезбедена. Тука поминуваат пациенти, мали деца кои лесно можат да се повредат бидејќи нема ограда, ниту знак, а местото преставува опасност, а особено навечер, велат од фимата .„Група Македонија Медикал“.

„ Вчера ме информираа дека некој ја демонтира нашата ограда и јас веднаш испратив луѓе за да видат што се случува и тие таму ги затекнале геометрите на Гранит и Бетон, фирмите кои треба да го градат новиот Клинички центар. За малку ќе настанел инцидент кој јас по телефон го спречив. Геомерите демонтирале два реда од оградата бидејќи им сметала висината на оградата и ја фрлиле во дупката“, изјави за НОВА, Делчо Арсовски кој ја раководи фирмата „Група Македонија Медикал“.

Од оваа фирма денеска испратиле писмо до Јован Грповски, кој ја води Проектната единица во Министерството за здравство и е одговорен за изградбата на новиот Клинички центар, како и до шефот на обезбедување на Клиничкиот центар. Во писмито се вели:

„ По телефонскиот разговор со Делчо Арсовски вие не стопиравте да ја санираме штетата на оградата настаната од активности на други градежни компании(неофицијално од разговор со геометрите на Бетон и Гранит) околу зградата на стара гинекологија која е наша сопственост, а на оградениот дел има работници од друга градежна компанија. Поради тоа ве известуваме дека одговорноста ако нешто на некого се случи не ја превземаме ние . Тие што работат таму треба да постават соодветна заштита“, се вели во писмото испратено од одговорниот на самото место од „Група Македонија Медикал“.

Обезбедувањето реагираше и кога новинарот на НОВА при вршење на својата работна задача направи фотографии на јавен простор. Ни беше кажано да не снимаме при што беше укажано дека тука пред малку имало инцидент.

Министерот за здравство Венко Филипче на прашањето на НОВА , што се случува на просторот каде што првично беше планирано да се гради Клиничкиот центар беше изненаден и рече дека таму не се случува ништо освен интервенција од фирмата за да се санира оградата која паднала од страната на Хируршките клиники.

Филипче рече дека биле повикани работниците од фирмата која ја поставиле да ја санираат и дека не се случува ништо друго. Подоцна, кога му објаснивме што се случувало рече дека од истата фирма дошле насилно да си ја земат оградата. Тој, не знаеше да каже што бараат работници од друга фирма и зошто се врши премер на просторот. На прашањето дали веќе се почнува изградбата на Клиничкиот центар, Филипче одговори:

„Далеку е од изградба новиот Клинички центар, ќе испитам за што се работи“, изјави за НОВА, министерот Филипче.

До објавување на овој текст нема информација што правеле таму геометри, од која фирма се и кој ги повикал да извршат мерење на просторот, зошто просторот околу огромната дупка не е обезбеден. И впрочем што всушност навистина се случува таму, дали со ова фирмите Гранит и Бетон кои го добија тендерот во време на екс министерот Тодоров, започнуваат со изградба на новиот Клинички центар.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.