По исполнувањето на старосната граница од 62 за жени и 64 за мажи, граѓаните ќе можат да одлучат дали ќе сакаат да работат дополнително уште до три години, предвидуваат измените на 5 закони кои денес ги усвои Владата.
Како што информираше министер за финансии Зоран Ставрески со новите измени мажите ќе можат да одлучат дали ќе одат во пензија на 64, 65, 66 или 67 години старост, додека жените ќе можат да изберат дали да одат во пензија на 62, 63, 64 или 65-годишна возраст.
Според Ставрески сите ќе бидат задоволни и од новите измени во Законот за пензионирање, бидејќи и досега работодавачите имале можност да им го продолжат работниот век на работниците што им се неопходни, а сега тоа право им се дава на самите работници.Работникот до 31 август во тековната година ќе треба да се изјасни дали го продолжува работниот век за наредната година.
Владата донесе измени и со кои за работниците кои работат со договор на дело или авторски договор работодавачот ќе мора да плаќа придонеси за пензиско и здравствено осигурување доколку тие остваруваат примања поголеми од минималната плата.
Со измените, како што рече министерот за финансии Зоран Ставрески, ќе се придонесе за зголемување на невработеноста, бидејќи, како што истакна, работодавачите повеќе нема да имаат причина да не ги вработуваат, бидејќи придонесите што ќе треба да ги платат ќе бидат исти.