-Знаете дека го потпишавме нашиот Договор за добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, кој од наша страна блеска со добронамерна наивност, бидејќи не ја исполни реципрочната добра волја, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во програмата на „Дарик радио“.
На Македонците им порачува дека патот до ЕУ води преку Софија, а не преку метрополи кои би извршиле притисок на Бугарија.
„Велам – ние сме две земји, ние сме браќа. Договорот беше добронамерен. Кога стана јасно дека не се почитува, во 2018 година реков дека е потребен нов анекс“, изјави Радев.
Вели дека тие во Бугарија мора да бидат обединети додека Македонците не го разберат патот до ЕУ. Тој им оддава почит на сите бугарски дипломати кои работеле на националната рамковна позиција.