Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радиоактивен кобалт: Ќе се отстрани, Владата на Груевски одбивала

0
By Менче Атанасова Точи on March 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опасниот радиоактивниот кобалт 60 кој со години се наоѓа на Клиниката за онкологија најдоцна  до јуни треба да биде изнесен од државата, потврдија за НОВА во Агенцијата за радиjација. Владата повеќе од половина година барала странска помош за да се отстрани радиоактивниот материјал од државата. Помош прво се барала од САД, за потоа да биде  договорено акцијата да ја спроведе Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН, со седиште во Виена.

Според строгата меѓународна процедура, акцијата треба да се одвива ноќе кога нема движење на пациенти и луѓе по улиците на градот. Транспортот ќе биде спроведен со специјално возило според највисоки стандарди, со придружба на полицијата, експерти од Меѓународната Агенција за атомска енергија и од Агенцијата за радијација. Радиоактивниот кобалт ќе биде однесен во Германија или Франција, една од двете земји кои се јавиле на тендерот.

„ Операцијата ќе се изведе со специјално возило, странските експертите ќе го демонтираат  кобалтот и ќе го стават во специјален контејнер кога ќе нема пациенти на Клиниката. Транзитот ќе се одвива со помош на Агенцијата за радијациона сигурност и полиција до границата, каде што треба да го преземе полицијата на државата низ која што поминува. Во меѓувреме, се работи на обезбедување на дозвола за транзит што треба да го има секоја земја која што не е членка на ЕУ“, објаснуваат за НОВА во Агенцијата за радијација.

Во Македонија има 16 места кои се извор на радиоактивно зрачење. Дури четири од нив се наоѓаат во Скопје. Најопасниот извор е кобалтот 60 кој е сместен на Клиниката за онкологија, велат експертите. Проблем е што државата нема специјален склад каде што ќе се чува радиоактивниот отпад. Во Агенцијата за радијација која е владино тело,  велат дека во 2012 година направиле напори за да добијат проект финансиран од Европската комисија со чии средства требало да биде направен таков специјален склад, но претходната Влада не била заинтересирана и проектот пропаднал.

„ Сега имаме поддршка од Владата, добивме локација и таков специјален склад ќе биде направен во објект кој веќе постои на потегот меѓу Мршевци и Арачиново и е во сопственост на  Министерството за одбрана. Складот ќе биде од јавен карактер, а населението ќе биде известено за се. Во моментот се бара оператор со неколку вработени кои ќе се грижат, а радиоактивниот отпад ќе биде безбеден и заштитен од надворешно зрачење. Најверојатно тоа ќе го прави Институтот за јавно здравје. Такви складови имаат сите земји“, потенцира Светислав Ѓорѓевиќ директор на Агенцијата за радијациона сигурност.

Дека Македонија мора да има ваков склад констатирале и експертите од Меѓународната агенција за атомска енергија кога дошле да ја испитаат ситуацијата во нашата држава.

Што преставува Кобалт 60  

Кобалт 60 е радиоактивен изотоп на кобалтот со период на полураспаѓање од 5 и пол години. Доколку човековиот организам прими 3 до 4 сиверти, смртноста е 50 проценти во рок од 30 дена. Оваа вредност се постигнува за време од 6 до 8 минути изложување на 1 грам кобалт 60 на блиско растојание од човековото тело.

Кобалтот-60 (Co-60 или 60Co) е радиоактивен метал кој се користи при зрачната терапија на болните од рак. За зрачна терапија е корисен за околу 5 години, но и по ова е сè уште радиоактивен.

Исто така, може да се добие и како нус-производ во нуклеарните реактори, како резултат на изложеност на градежните материјали на неутронско зрачење. Кобалт-60 се користен како извор на гама зрачење бидејќи гама зракот може лесно да се произведе во одредена количина и со висока активност само со бомбардирање на кобалт со неутрони во реактор. Наоѓа примена и за стерилизација на медицински прибор и медицински отпад, ладна пастеризација, индустриска радиографија, мерење на густина.

Опасноста од кобалт 60 е да не се злоупотреби, украде, да се остави на отворено или да се искористи за бомба со огромна разорна моќ како што се користи за терористички напади во метроата.

Во пракса се познати многу случаи на злоупотреба на кобалт 60. Особено е свеж случајот во Мексико кога во 2013 од напуштена болница бил украден 40 грама радиокативен кобалт 60. Крадците го извадиле од оловната кутија и го оставиле една недела да стои на нива. Властите во Мексико претпоставуваа дека крадците спиеле претходно во камионот каде што бил украдениот кобалт и дека во моментот на откривањето се многу болни или се веќе мртви.

Токму од тие причини и радиоактивниот кобалт 60 на Клиниката за онкологија е под опсервација на МВР. Сепак, иако е во специјален бункер и заклучен со две метални врати, прашање е дали се гарантира безбедноста бидејќи на Клиниката нема обезбедување, освен чуварската служби.

Како што вчера објави НОВА радиоактивен отпад со години стои во сред центар на Скопје, во подрумските простории на Клиниката за онкологија и преставува темпирана бомба од безбедносен аспект. Станува збор за радиоактивен кобалт 60 кој е многу опасен по здравјето на луѓето доколку се изложат на неговото зрачење.

Освен радиоактивен кобалт таму во последните 50 години бил складиран и друг радиоактивен отпад, како што е радиоактивно злато, радиум, цезиум кои биле користени во медицината, а немало каде да се однесат. Кобалтот е во бункер во подрумските простории, а останатиот радиоактивен отпад се наоѓа во просторија под таванот на клиниката во посебен бункер за да нема надворешно зрачење.  Не се знае колкави количини има од овој радиоактивен отпад бидејќи неговото присуство се мери однадвор со специјални апарати. Стручањаците тврадт дека нема зрачење поголемо од дозволеното или од тоа што го добиваме од природата.

Кобалтот е дел од апарат за зрачење на болните кој на Онкологија се користеше од 1999 година, а десет години подоцна беше исфрлен од употреба. Бидејќи немало каде да се однесе тој и целиот друг радиоактивен отпад се чуваат на Клиниката за онкологија.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.