Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во 20.15 во РЦ „Кале“ во Скопје го игра првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Србија 2013 година. Противник ни е селекцијата на Шпанија, која пред две години во баражот ја елиминираше Македонија. Во Скопје, Македонија победи со 24:21, а во Аликанте беше 37:22.
Селекторот на македонската репрезентација, Гино Стрезовски смета дека има добра стратегија за Шпанците:
– Ветувам голема борба и ако некои сметаат дека Шпанија лесно ќе стигне до победата ќе се излажат во тоа. Имаме неколку од последните натпревари на Шпанија и мислам дека ќе имаме противигра за нив, истакна Стрезовски.