Погребот на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој почина под, засега сè уште, неутврдени околности во Скопје, е закажан за утре во неговото родно Ѓаково. Неговиот брат Борис го објави некрологот со емотивни пораки за прерано згаснатиот живот на Денис Тот.
Ракометарот во петокот беше хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје, но и покрај обидите за реанимација, тој, сепак, им подлегна на повредите во текот на денот. Полицијата првично објави дека Тот бил без видливи траги на насилство, но снимки од безбедносни камери, кои подоцна се појавија во јавноста, укажуваат дека тој бил жртва на физичко насилство.