Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рамнодушност која убива

0
By Нова ТВ on August 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 20, 2016 10:08

 

Пишува: Беса Арифи

Omran Daqneesh е името на малиот момче од Сирија чие лице го прогонува светот овие денови. Го прогонува за само неколку денови, повлекувајќи се полека во некое ќоше на сеќавањето покрај секојдневните работи кои на тој свет му го опфаќаат поголемиот дел на денот и на работата. И потоа, останува некаде во заборав како сликата на малиот Alan Kurdi, кој минатат година во ова време истотака го прогонуваше светот, барем за одредено време. По тоа време, тие слики се засенуваат од нешто посилно, а тоа е рамнодушноста, една глобална, бескрајна рамнодушност кон толку големата бол, неправда, нечовечност и неуспех што се гледа во тоа невино, мало лице. Само во тие мигови, кога се појавува некоја таква слика или кадар, човештвото краткотрајно се освестува за тоа што се случува во тој дел од светот, заборавајќи го фактот што таму таквите слики и кадри се секојдневие. Се освестува, и потоа веднаш заспива во уште подлабок сон, од кој пак ќе го разбуди некоја друга слична слика. Светот, кој изгледа дека е многу бучен, немирен и разнолик, пропаѓа полека во една голема и длабока тишина.

Како е можно во време кога постојат толку голем број меѓународни институции, во кои работат лица со огромни плати, кои треба да се грижат за мирот во светот, кои требада ги идентификуваат меѓународните злосторства, истите да ги прогонат и да ги казнуваат, како е можно тие институции да постојат и да функционираат а неправдата да биде толку голема, очевидна и неспречлива?! Каде се тие меѓународни конвенции за кои секој ден им предаваме на студентите, па ги оборуваме на испит ако не ги знаат, да ги заштитат сега “меѓународно заштитените лица” во еден конфликт? Каде се тие институции како Меѓународниот кривичен суд кои долги години беа договорувани и востановени токму за таа цел, да ги прогонат извршителите на најтешките казнени дела, и да ги осудат за геноцид, за воени злосторства, за злосторства против човештвото? Секој семестар кога треба да предавам меѓународно казнено право студентите ме гледаат со нивните очајни очи, и видливото чувство на изневереност бидејќи речиси ништо од тоа што се говори не се спроведува во реалноста.

А да не зборувам за разочараноста кога се предава за едноставни и очевидни работи од домашното казнено право кои за време на предавањето веќе подолго време звучат, најблаго кажано, иронично. А тие невини мали души, покриени во прав, како заборавени книги, се соочуваат со два избори, како тоа беше јасно прикажано во сликата која се прошири неделава: тие се соочуваат со хоророт ако нивните семејства остануваат во своите домови, или пак со брановите на морето кои се подготвуваат да ги проголтаат.

Ах, да, се соочуваат и со последното обраќање на Иванов по повод Денот на АРМ, во кое што тој го нарече голем успех подигнувањето на “заштитната ограда” (читај “ѕид”) за бегалците посочувајќи дека “Додека НАТО и ЕУ тешко се справуваа со мигрантската криза и со обезбедување на границите, Република Македонија покажа дека има капацитет да ја менаџира заканата”. Така, шефот на нашата држава јасно кажа дека Omran Daqneesh и Alan Kurdi се закана за нашата држава! И ова не беше првпат, во негови други, претходни обраќања, претседателот истотака се повикуваше на големата закана од овие лица при што беше принуден да даде дури 41 помилувања, кои потоа одлучи да ги повлече бидејќи очигледно, Omran и семејството одлучија да останатдома, па заканата се повчече од нашата земја и затоа, немаше потреба веќе зарадидржавен интерес тој да помилува потенцијални криминалци. Сега веќе се е во ред, и ние можеме да продолжиме со нашиот сон, па дури и да ги павиме реалност нашите “сништа” за убав бел барок, за панорамски тркала и за многу други работи кои ќе ни ги разубавуваат деновите и ќе ги стават најпрвин жртвите на нашите поплавени места, а  потоа и далечните жртви во Сирија и други земји во потполен заборав.

Многу нешта може да се ставаат во заборав, но еден ден ќе мораме да се освестиме и да разбираме дека причината за губењето на тие млади животи, е диктаторското, нехумано, несовесно и неодговорно владеење. Тие реалности и тие места можат да изгледат далечни, но причините за тие кризи се многу јасни па дури блиски со нашата реалност.

Интензитетот на дрскоста на  таквото владеење е единствената разлика. А тоа што ги обединува е заканата да останат неказнети, и како такви да се повторуваат со се поголем интензитет и се поголем број на жртви.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.